Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе се сретне со претставниците на официјалната делегација на Република Унгарија, предводена од државниот секретар во кабинетот на унгарскиот премиер, Петар Сијарто.
По средбата ќе биде потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Унгарска агенција за инвестиции и трговија.