26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска лани од туризмот оствари рекордни приходи

Хрватска лани од туризмот оствари рекордни приходи

Минатата година Хрватска оствари рекордни резултати во туризмот, а очекуваните приходи се 11 милијарди евра.

Како што се очекуваше, Хрватска постигна историски туристички резултат во 2017 година и надмина 100 милиони ноќевања, а според Стратегијата за туризам на Хрватска, оваа бројка требаше да се постигне во 2020 година, објави порталот Seebiz.

Имено, од јануари до крајот на декември 2017 година остварени се 15,5 милиони посети, што претставува зголемување од 13 отсто, додека ноќевањата се зголемија за 12 отсто на 102 милиони.

На тој начин Хрватска ја потврди позицијата на една од најпопуларните туристички дестинации што привлекува се повеќе и повеќе посетители во сите делови на годината.

Гостите од Германија надминаа 20 милиони ноќевања и од Словенија 10 милиони. Кога станува збор за доаѓањето на домашните туристи, имаше два милиони, што е зголемување за осум проценти, а очекуваните приходи од туризмот се 11 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП