17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот на играчки LEGO се обединува со кинески Tencent

Производителот на играчки LEGO се обединува со кинески Tencent

Најскапата кинеска компанија „Tencent“ ќе соработува со данскиот производител на играчки „LEGO“ при создавање на брендирани видео игри и евентуална социјална мрежа наменета за деца, соопштија од двете компании, пренесува „CNBC“.

„Tencent“ е една од најголемите и најскапи азиски компании и првата кинеска која достигна пазарна капитализација од 500 милијарди долари.

Нејзиниот главен бизнис е поврзан со развој и дистрибуција на мобилни игри и онлајн видео стриминг услуги, но како целина кинескиот гигант има инвестиции во повеќе сектори, така што поседува 5% од „Tesla“ на Илон Маск.

„LEGO“, од друга страна, не може да се пофали со добри перформанси во последниве години. Ова доведе до намалување на 1.400 работни места.

Кинескиот пазар се јавува како светла точка во претставувањето на „LEGO“, а приходите оттаму се зголемуваат за сметка на падот, забележан во САД и Европа, покажуваат последните објавени финансиски извештаи на компанијата, актуелни за првата половина на 2017-та година.

Како дел од партнерството, „LEGO“ ќе изгради „видео зона“ за деца во платформата на „Tencent“ за видео стриминг, како и игри, брендирани од данскиот бренд.

Партнерството го вклучува и производот „LEGO Boost“ – комплет кој комбинира конструктор и алатка за пишување на код кој може да ја натера играчката да се движи.

Покрај сето ова, двете компании велат дека ќе ја испитуваат можноста да создадат заедничка платформа „Lego Life“, која ќе претставува „безбедена социјална мрежа за деца“ во Кина.

Данската компанија веќе има конкуренција на кинескиот пазар во лицето на „Mattel“ – производителот на „Barbie“, кој ќе ја продава стоката во Кина преку онлајн продавницата „Tmall.com“, сопственост на „Alibaba“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП