25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИзбришете ги подочниците со жалфија и магдонос

Избришете ги подочниците со жалфија и магдонос

Доколку не се поврзани со некои здравствени проблеми, лесно можете да ги „избришете“ со следниов народен лек.

Ве мачат подочниците? Доколку не се поврзани со некои здравствени проблеми, туку со замор поради несоница, страствено конзумирање на цигари или долго седење на компјутерот, лесно можете да ги „избришете“ со следниов народен лек.

– Лажичка со листови од жалфија прелијте ја со половина чаша врела вода. Оставете ја покриена 10 до 15 минути, потоа процедете, половина од смесата оладете ја, а остатокот загрејте го. На очните капаци, непосредно пред спиење, најизменично ставајте облоги потопени во топлата и во ладната смеса. Додека ја применувате оваа терапија избегнувајте ја употребата на сол.

– Облогите од магдонос, исто така, ефикасно ги отстрануваат подочниците и отокот на очните капаци. Исецканите ливчиња ставете ги директно на очните капаци, покријте ги со влажен памук и држете ги така 15 минути. Можете да направите и смеса од 2 лажички кисела павлака и лажичка истолчени листови од магдонос. Маската ставете ја на целото лице и држете ја 20 до 30 минути, а потоа измијте се со ладна вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП