2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина стои, клучен ден за Грција

Атина стои, клучен ден за Грција

Јавниот превоз во Атина денес не работи поради протестите на грчките синдикати во пресрет на одлуката на грчките пратеници за новите мерки за реформи на барање на меѓународните кредитори.

Новите реформи вклучуваат поостри услови за синдикатите за свикување на штрајк, брзи хипотеки на недвижнините и ограничувања за семејните надоместоци, пренесува агенцијата АП.

Тоа е клучно за Грција да продолжи да прима меѓународна помош.

Се очекува дека грчкиот парламент подоцна денес ќе ги одобри тие мерки, иако од опозициската партија ги отфрлаат.

Грчките синдикати го откажаа на цел ден јавниот превоз во Атина, со што функционирањето на државните училишта, болници и останати служби е погодено, а одложувања има и на домашните летови.

Синдикатите планират три одвоени протести во центарот на Атина, наведе американската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП