9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсмо Годишно Собрание на ЛЕОРОН Груп: Татјана Кољовчевска и Артан Биљали се...

Осмо Годишно Собрание на ЛЕОРОН Груп: Татјана Кољовчевска и Артан Биљали се Новите Директори за Деловни Операции за ОАЕ, и Внатрешна Ревизија и Финансии

Повеќе од сто вработени од шест меѓународни претставништва се придружија на овогодинешното, осмо по ред годишно собрание на ЛЕОРОН Груп, кое се оддржа во хотелот Мериот во Скопје.

Претставниците на оваа компанија од Дубаи, која голем дел од вработените ги регрутира токму во нашиот главен град, открија низа годишни достигнувања и стратешки цели – меѓу кои и потребата за контринуирана експанзија во регионот на Европа, Средниот Исток, и Азија.

Понатамошната организација на одделите е клучна за идниот раст на компанијата, сметаат од менаџментот на ЛЕОРОН.

Придржувајќи се кон оваа цел, генералниот менаџер, Арбен Јусуфи, ги претстави новите два директори: за внатрешна ревизија и финансии, и деловни операции во ОАЕ.

Сегашниот шеф на финансии, Артан Билали, ќе го води новиот оддел за внатрешна ревизија и финансии.

“Моето назначување за нов директор за внатрешна ревизија и финансии во ЛЕОРОН означува две важни работи: на лично ниво, ми се доделува доверба да се води витален оддел. Од друга страна, на корпоративно ниво, ова значи дека компанијата напредува кон дополнителна зрелост и одделот ќе ги одреди клучните стратешки чекори во идните напори на ЛЕОРОН “, истакна Билали.

Менаџментот на ЛЕОРОН исто така ја назначи Татјана Кољовчевска за нов директор за деловни операции во ОАЕ.

“Со голема чест и задоволство ја прифаќам оваа нова позиција како директор за деловни операции во ОАЕ. Би сакала да му се заблагодарам на менаџментот на ЛЕОРОН и на сите колеги за континуираната поддршка – заедно прераснавме во неверојатни професионалци! Тесно соработував со сите тимови во текот на изминатите години и се чувствувам многу горда со фактот што успеав да ја видам нашата организација во денешното светло, а воедно и да придонесам за нашиот успех и безбројните достигнувања. Назначувањето на оваа нова улога е во согласност со мисијата на ЛЕОРОН за поддршка на нашите клиенти на глобално ниво и зајакнување на нашето присуство во ОАЕ. Остануваме силно посветени на обезбедување врвни услуги за нашите партнери и поставување нови стандарди во рамките на индустријата! “.

Неодамнешната експанзија на ЛЕОРОН резултираше со брзи промени што доведоа до меѓународно признание. Овој ноември, компанијата беше призната како прва не-американска организација која ја доби наградата “Партнер во Управување со Квалитет” на американската организација ASQ – престижна награда за континуирано промовирање на организациската извонредност преку курсеви за обука кои се директно поврзани со техниките за подобрување на квалитетот. Во текот на годината, организацијата, исто така, се акредитира од страна на Фондот за Развој на Човечки Ресурси. Со овој чекор ЛЕОРОН влезе во малкуте тренинг центри кои се здобија со привилегијата да на саудиските државјани им нудат субвенционирани обуки, и тоа: целосна субвенција при уписот за два од LEORON-овите курсеви за проектен менаџмент (PMP) и внатрешна ревизија (CIA).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП