Македонија успеа со победа да го стартува своето петто Европско првенство, откако во драматична завршница стигнавме до импресивна 25:24 победа над третопласираните од минатото Светско првенство, Словенците.
По израмнетото прво полувреме во Загреб, се играше гол-за-гол, и македонскиот тим предводен од фантастичниот Дејан Манасков со осум гола, на крајот остана со повеќе нерви и со повеќе сила стигнавме до посакуваната прва победа за совршен старт на шампионатот
Сега следува дуелот со Црна Гора во понеделник, и темпото не смее да се намали ниту противникот да се потцени, иако тие загубија во дуелот со едни од фаворитите на шампионатот, Германија, загубија со 32:19. На овој меч, Македонија ќе може практично да го обезбеди пласманот во втората рунда.