18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките банки почнуваат да блокираат сметки во странство на своите должници

Грчките банки почнуваат да блокираат сметки во странство на своите должници

Грчките банки се насочија кон замрзнување на сметките во странство на своите должници во обид да соберат дел од долговите, кои долго време се доспеани за наплата, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Еден од првите кредитори што ќе го преземе овој чекор е „Eurobank“. Банката ја блокираше сметката во Белгија, која припаѓа на „добро познат претприемач во Грција“. Тој му должи на доверителот 4,8 милиони евра.

Веќе пет години бизнисменот не ги исплаќал своите обврски кон „Eurobank“, иако од пресметките на банката добил дивиденди во износ од најмалку 6 милиони евра. Неколку пати банката се обиде да ги собере долговите на грчкиот бизнисмен кој работи во прехранбената индустрија. Нивните напори, сепак, не успеале бидејќи се совпаѓале со јавните протести.

Слични мерки се преземени од страна на „National Bank of Greece“, која веќе поднесе барање за замрзнување на банкарските сметки на своите должници.

„Катимерини“ пишува дека блокирање на сметка во друга земја од ЕУ не е предмет на меѓубанкарскте односи, а се врши по наредба на судот.

Постапката е регулирана со регулатива од 2014-та година, се објаснува на веб-страницата на Европската комисија. Целта е да се ограничи способноста на должниците на банките да избегнуваат да ги извршуваат своите обврски со криење на нивните средства во друга банка во заедницата.

Според европските правила, во суд се поднесува посебно барање за замрзнување на банкарска сметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП