30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаврши 32-рото традиционално искачување Титов врв 2013

Заврши 32-рото традиционално искачување Титов врв 2013

04

На 25-26 Мај од страна на Планинарскиот Клуб „Љуботен“ – Тетово се организираше 32-то традиционално искачување Титов Врв 2013.

Покровител на манифстацијата беше АД ЕЛЕМ – Скопје

Во саботата на 25 мај  на Попова Шапка со пристигна гостите од планинарските друштва од целиот Балкан и со  свеченото отворање кое се организираше во хотел Попова Шапка и официјално започна манифестацијата.

Во неделата ан 26 мај  во 6.30 часот долга колона на планинари тргнаа кон највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв 2747 м.

Патеката беше организирана и обележана по стандардите за движење по планинарска патека. Долж истата имаше и пропратни пунктови кои служеа за обезбедување, упатување, информации и давање на прва помош.

Како што се одвиваше искачувањето така и временските услови се влошуваа, дуваше силен ветер поропратен со снег и магла. Тоа беше причина планинарите да не се задржуваат на врвот и веднаш да се враќаат кон Попова Шапка. Во 15.30 со враќање на последната екипа организатори, манифестацијата заврши во најдобар ред.

Вкупниот број на учесници оваа година беше 570 планинари од 47 планинарски друштва од балканските земји.

06

02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП