2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏеф Безос веќе „тежи“ 110 милијарди долари

Џеф Безос веќе „тежи“ 110 милијарди долари

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос, веќе има богатство од 110 милијарди долари, според „Bloomberg“.

Ова е 2,23 милијарди долари повеќе од пред еден ден и 10,7 милијарди долари повеќе кон неговото богатство на крајот од 2017-та година.

Вчера, акциите на „Amazon“ пораснаа над 1.300 долари по акција, по зголемувањето на 2,23% на 1305,20 долари.

Иако се тргуваше со неверојатен „P/E“ сооднос од 332.79, оптимистичките прогнози за цената на компанијата во тековната година не запираат.

Оптимистичкото сценарио на „Morgan Stanley“ покажува дека цената на акцијата ќе достигне 2.000 долари. Затоа капитализацијата на „Amazon“ ќе биде блиску до 1.000 милијарди долари.

Најбогатиот човек во светот поседува 78,9 милиони акции од „Amazon“.

Секоја година тој продава дел од својот имот за финансирање на други проекти, како што е компанијата за вселенски истражувања и патувања „Blue Origin Travel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП