10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсклучените од системот за парно греење на 149-ти протест

Исклучените од системот за парно греење на 149-ти протест

Исклучените од системот на Топлификација денеска пред Регулаторната комисија за енергетика ќе го одржат 149-от редовен протест.

Во објавата пишува дека бараат сметките за парно греење да бидат минимум 30% пониски. На протестот, како што информираат, ќе презентираат доказ дека Тарифникот на

Регулаторната комисија за енергетика е погрешен и дека постојат сомнежи дека ниту имало седница кога е донесен, ниту го донело стручно тело. На протестот ќе се собираат и потписи против незаконското работење на извршителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП