13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа „плаче“ за квалитетни инженери

Европа „плаче“ за квалитетни инженери

timthumb

На европските индустријалци се поголем проблем им претставува дефицитот на квалификувана работна снага, а особено инженери затоа што тоа директно влијае на нивната компетенција. Ова многумина од нив ќе ги натера, а некои веќе ги приморало да ги отворат филијалите во земјите кои имаат поголема понуда на стручна работна сила, како Кина и Индија или евентуално увоз на работна снага.

„ До 2025-та година ќе ни бидат потребни околу 500.000 инженери“, вели извршниот директор на Волво, Олоф Персон.

И во Сименс особено во германскиот огранок имаат ист проблем, недостаток на работна сила. На Германија во мометов и недостасуваат 70.000 инженери.

Иако Европа бележи голема невработеност кај младите, тие ќе мораат да увезуваат експерти од областа на природните науки, затоа што на стариот континент нема доволно образуван кадар.

Покрај тоа и веќе образуваниот кадар претставува грижа за работодавците затоа што не поседуваат доволно знаење за да се споредуваат со 500.000-те инженери кои секоја година дипломираат во Кина и Индија. Индустријалците велат дека за овој проблем е виновен европскиот образовен систем затоа што нема образован кадар во Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП