26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПод лупа и увозот на алуминиум од Кина во САД

Под лупа и увозот на алуминиум од Кина во САД

Увозот на алуминиумски лим од Кина им штети на американските производители, што овозможува продолжување на истрагата за да се утврди дали овие производи се дампингувани или субвенционирани, соопшти денес Комисијата за меѓународна трговија во САД.

Од Комисијата за меѓународна трговија на САД исто така соопштија дека ќе бидат темелно разгледани сите случаи кои на било каков начин ја загрозуваат економијата на САД или пак му штетат на било кој начин на американското население.

Министерството за трговија на САД во ноември покрена истрага против увозните дампингувани и субвенционирани производи, кои обично се користат во градежништвото и во транспортот, пренесува агенцијата Ројтерс.

Се очекува, во овој случај да се воведат антидампинг царини од 56,54 проценти до 59,72 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП