8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската соработка меѓу Русија и Кина најголема во историјата

Трговската соработка меѓу Русија и Кина најголема во историјата

Трговската размена меѓу Русија и Кина во 2017 година порасна за 20,8 проценти во однос на претходната година, соопшти кинеската Управа на царината, пренесуваат медиумите.

Како што се наведува, вкупната трговска размена изнесувала 84 милијарди долари.

Царината прецизираше дека извозот на кинеските производи во Русија пораснал за 14,8 проценти, односно за 42,9 милијарди, додека увозот бил поголем за 27,7 проценти во вредност од околу 41 милијарда долари.

Медиумите оценувааат дека бројките за 2016 година во однос на 2015 година се далеку помали, бидејќи трговската размена таа година пораснала за само 2,2 проценти и изнесувала 69 милијарди долари.

Всушност, во 2016 година извозот од Русија во Кина се намалил за 3,1 проценти.

Инаку, Кина за Русија претставува земја со која има убедливо најголема трговска размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП