Во третиот квартал од 2017-та година, економијата во еврозоната забележа посилен раст од досега забележаното.
Европскиот завод за статистика „Еуростат“ го ревидираше растот на бруто-домашниот производ (БДП) на 0,7 проценти на квартална основа во третото читање. Значи, забрзувањето е исто како она што беше соопштено во вториот квартал.
Податоците досега се за забрзување од 0,6 проценти. Податоците од четвртиот квартал ќе бидат објавени на 30-ти јануари.