25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMoneyGram потпиша договор за тестови со Ripple

MoneyGram потпиша договор за тестови со Ripple

Американската компанија за трансфер на пари „MoneyGram“ склучила договор со стартапот „Ripple“ за спроведување на тестови во платната мрежа со цел намалување на трошоците за превод и оптимизирање на времето потребно за трансакциите.

Портпаролот на „MoneyGram“ објасни дека тестовите се сведуваат само до внатрешните процеси на компанијата и нема да учествуваат вистински средства на клиенти.

„Ripple“ развива софтвер базиран на концептот зад кој стои и дигиталната валута биткоин. Софтверот на „Ripple“ има за цел да изгради мрежи за банки и финансиски институции, кои им овозможуваат побрз и поевтин меѓубанкарска трговија.

Кон моментов клиенти на „Ripple“ се над 100 банки, меѓу кои „UBS Group“, „Banco Santander“ и „Banco Bilbao“, но компанијата има и потпишани договори за трансфер на пари како овој со „MoneyGram“. Главниот извршен директор на „Ripple“, Бред Гарлингхаус рече претходно овој месец дека три од петте најголеми компании за трансфер на пари ќе почнат да ја користат мрежата на „Ripple“ во оваа година.

„MoneyGram“, со 350.000 агенти низ целиот свет, е втората по големина компанија за трансфер на пари по општа номинална вредност на паричните трансфери, зад „Western Union“. Во 2017-та година „MoneyGram“ склучи договор за продажба на кинескиот финансиски гигант „Ant Financial Services Group“, дел од „Alibaba“, но договорот пропадна, откако не успеа да добие одобрение од американските власти.

Трошоците за превод се разликуваат помеѓу различни компании и земји, но честопати можат да бидат доста високи. На пример цената за испраќање на 200 долари од банка во САД до банка во Бразил преку „MoneyGram“ може да достигне до 9% од износот или во случајот 18 долари.

Во моментов само компанијата со седиште во Мексико, „Cuallix“ има потпишано договор за користење на „Ripple“ за прекугранични транскации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП