11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовите реформи ги извадија Грците на улица

Новите реформи ги извадија Грците на улица

Неколку илјади Грци излегоа на улиците во Атина против новите реформи во земјата, меѓу кои една е и забраната за штрајк, за која парламентот треба да одлучи на 15 јануари.

Во првиот работнички протест во 2018 година, затворањето на метро-станицата, која дневно ја користат над 900.000 граѓани, предизвика колапс во сообраќајот во градот, во кој живеат 3,8 милиони луѓе.

Бродовите останаа блокирани во пристаништата, без можност да испловат, откако работниците почнаа штрајк. Во државните болници работи само резервниот персонал, бидејќи штрајкуваат и докторите.

За време на демонстрациите, организирани од синдикатот пред зградата на владата во Атина, полесно е повреден еден полицаец, додека се обидувал да ги спречи демонстрантите да излезат од автобусите со кои биле донесени.

Демонстрантите дошле до влезот на владината зграда, каде е и кабинетот на премиерот Алексис Ципрас, во пресрет на гласањето на законот за мерките за штедење.

Грчките пратеници денеска почнуваат дебата за новиот закон, со кој се предвидува намалување на бенефициите и поостри правила во врска со одржување на штрајкови.

Како што пренесуваат грчките медиуми, синдикатот ПАМЕ повикал на протести во понеделник на 15 јануари, за кога е закажано гласањето на законот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП