4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКХВ не му издаде дозвола на „Balkan Petroleum Holding Limited“ за преземање...

КХВ не му издаде дозвола на „Balkan Petroleum Holding Limited“ за преземање на Макпетрол АД Скопје

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со решение УП 1 број 10-5 од 29.12.2017 година не му издаде дозвола за давање понуда за преземање на Макпетрол АД Скопје на „Balkan Petroleum Holding Limited“.

Органот на управување на Макпетрол АД Скопје за „намерата за прeземање“ првпат доби сознание по добивање на допис насловен како „намера за преземање“ на 08.06.2016 година и веднаш укажа дека како подносител на намерата за давање на понуда за преземање се јавува Друштво основано на 28.05.2016 година со основачки капитал од 1.000 евра.

Во текот на постапката која траеше повеќе од 18 месеци, како и пред започнување на постапката, органот на управување на Макпетрол АД Скопје немаше никакви контакти со подносителот на намерата за давање на понуда за преземање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП