11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ50 години во Европа: Kaufland веќе има 1.270 хипермаркети

50 години во Европа: Kaufland веќе има 1.270 хипермаркети

Со повеќе од 1.270 хипермаркети во 7 европски земји, годишен обрт од 21,6 милијарди eвра и тим од речиси 150.000 луѓе, „Kaufland“ одбележува 50 години во Европа.

Од отворањето на првиот хипермаркет на синџирот во Бакнанг, Германија, во 1968-ма година до декември 2017-та година, кога го отвори најновиот објект на синџирот во Преров, Чешка, „Kaufland“ се зацврсти како компанија лидер со богато и успешно меѓународно искуство.

„Во суштина, „Kaufland“ е семеен бизнис. Почнавме со еден хипермаркет во Германија, а благодарение на успешниот развој, денес имаме 1.270 во Европа. Тој стана една од најважните трговци на европскиот пазар и ни даде обид и увереноста да гледаме кон уште поголема експанзија – во Молдавија и Австралија“, изјави Патрик Каудевиц, претседател на Управниот одбор на групата „Kaufland“.

„Ние постојано се менуваме за да одговориме на желбите и очекувањата на потрошувачите. Она што нема да го промениме и во иднина, е нашето ветување – ние нудиме квалитет на шопинг, а со тоа и квалитет во секојдневието на клиентите“, додаде тој.

Мислата за секој клиент е главната компонента на успешниот раст на „Kaufland“ не само во Германија, туку и во Европа. Првиот хипермаркет кој синџирот го отвори надвор од Германија, беше во Чешка во 1998-ма година, проследено со стабилна експанзија во Словачка, Хрватска, Полска, Романија и Бугарија.

Компанијата ги зголемува и трговските површини на објектите од 1.000 м2 во просек 3.200 м2, збогатување на асортиманот на понудените производи и брендови до 20.000 артикли и раст од првичните 70 вработени до 148.000 во Европа во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП