6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААсиметричен трговски режим со Хрватска по нејзиниот влез во ЕУ

Асиметричен трговски режим со Хрватска по нејзиниот влез во ЕУ

hrv

Асиметричен трговски режим ќе се воспостави меѓу Македонија и Хрватска откако оваа земја по 1 јули годинава и официјално ќе стане членка на Европската унија. Особено ќе се намали досегашната либерализирана размена во земјоделството и прехранбената индустрија.

Како што истакна денеска Васко Ристовски од Стопанската комора, влегувањето на Хрватска во ЕУ ќе има и позитивни и негативни импликации.

– Компаниите се уште не знаат што точно ќе се случува, но желба за соработка со земјите од ЦЕФТА се уште постои, рече Ристовски на прес-конференција.

Според него, се размислува да останат правилата за тргување според ЦЕФТА-договорите барем извесен период од зачленувањето на Хрватска во ЕУ.

Комората, додаде Ристовски, се уште нема информации дали се преговара и во кој дел на државно ниво.

Вкупната размена на Македонија и Хрватска минатата година беше 93 милиони евра од кои во агросекторот 41,2 милиони. Најмногу се тргува со кондиторски производи. Македонија извезува и вино, тутун, овошје…, а увезува месо, млеко, нивни преработки, пченица, брашно,…

Земјите-членки на ЦЕФТА на последниот состанок констатирале дека клучни проблеми во размената се уште се непризнавањето на сертификатите и нивната унифицираност, инспекциските надзори, фитосанитарната област и дополнителните давачки. Укажано е на потребата од намалување на трговските бариери, како и од зајакнување на внатрешните контроли и комуникацијата заради спречување состојби како онаа со појавата на афлатоксин.

И покрај кризата, размената во рамки на ЦЕФТА е намалена за само 0,7 отсто, и лани достигнала 8,1 милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП