2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа привремени вработувања во РЕК Битола ќе бидат потрошeни 40.000 евра

За привремени вработувања во РЕК Битола ќе бидат потрошeни 40.000 евра

АД Електрани на Македонија за сума од 2,5 милиони денари или приближно 40 илјади евра без ДДВ ќе потроши за привремени врабoтувања.

На системот за „Е-набавки“ објавен е оглас кој се однесува на ангажирање агенција за привремени вработувања за потребите на РЕК Битола. Периодот на набавката е 12 месеци, а критериум за доделување на тендерот е најниската цена.

Станува збор за ангажирање на максиумум 134 работници, а вредноста на огласот не смее да надминува 40 илјади евра. На сумата ќе биде пресметан и данок на додадена вредност од 18%. На работниците ќе им се исплаќа бруто плата определена од работодавачот во согласност со Законот за агенции за привремени вработувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП