2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе ги сакаат туристите, а тие се побројни

Не ги сакаат туристите, а тие се побројни

Бројот на меѓународни туристи во Шпанија го надмина рекордот петта година по ред во 2017 година.

Шпанија, земја во која туризмот сочинува 11 проценти од економијата, бележи раст на бројот на меѓународни посетители, делумно и поради загриженоста на другите туристички дестинации како што се Египет и Турција.

Според прелиминарните податоци, бројот на посетители во Шпанија е зголемен за 8,9 проценти во изминатата година на 82 милиони туристи, со што ова е трета земја во светот според бројот на посетители, зад Франција и САД.

Според овие податоци, потрошувачката на туристите достигнала рекорд во 2017 година, со зголемување од 12,4 проценти во периодот 2016/2017 година.

Според податоците за првите 11 месеци од 2017 година, британските туристи претставуваат најголема група на посетители по националноста со 18 милиони посетители, што е зголемување од седум проенти во однос на една година претходно.

Каталонија и понатака е најпосетениот регион на Шпанија и покрај нападите во август минатата година, кога загинаа 16 лица, а беа повредени повеќе од 100.

Да се потсетиме, Барселона стравува туристите целосно да не ја преплават, како Венеција. Сепак, многумина сметаат дека ситуацијата не е така драматична, бидејќи од друга страна, таа е значително поголема од Венеција, додека истражувањата на јавното мислење покажуваат дека жителите на Барселона се на големо протуристички настроени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП