20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Бугарите го меркаат еврото?

Дали Бугарите го меркаат еврото?

Бугарија сака да се приближи до еврозоната во наредните шест месеци од своето претседавање со ЕУ, изјави нејзиниот министер за финансии Владислав Горанов.

Горанов пред новинарите во Софија изјави дека „најверојатно ќе биде поднесено барање во првиот квартал“ за потпишување на монетарната програма која е неопходна при влез во еврозоната во која има 19-држави членки на ЕУ.

Тој изјави дека бугарската валута лев веќе има фиксен курс во однос на еврото, а Бугарија има стабилна економија, оценувајќи дека неговата земја „ниту на еден начин нема да претставува ризик за еврозоната“.

Владата соопшти дека Бугарија сега има избалансиран буџет и јавен долг кој изнесува 26,8 проценти од БДП, што е третиот најнизок во ЕУ. Но, Бугарија има и најнизок БДП во ЕУ по глава на жител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП