19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија заработила 20 милијарди фунти од странските студенти

Велика Британија заработила 20 милијарди фунти од странските студенти

Меѓународните студенти генерираа 20 милијарди фунти (22,6 милијарди евра) во економијата на Велика Британија за целиот нивен период на обука, се вели во извештајот на „Higher Education Policy Institute“, цитиран од „BBC“.

Анализата покажува дека освен школарина, трошоците на студентите стануваат главен фактор за помагање на локалната економија.

Само Лондон има заработено 4,6 милијарди фунти, а Шефилд е најголем корисник во однос на нејзината економија. Бројките го поддржуваат повикот за отстранување на студентите од имиграционите ограничувања, објави „BBC“.

Секоја година пристигнуваат околу 230.000 студенти за универзитетски курсеви во Велика Британија, а Кина е лидер со најмногу студентите кои студираат на Островот.

Анализата, направена од „London Economics“, го пресметува финансискиот придонес на странските студенти, како трошоци за обука и трошоци за живот. Извештајот обезбедува сеопфатни докази дека странските студенти се од значителна корист и дека студентите од земји надвор од Европската унија кои плаќаат повисоки такси, генерира 102.000 фунти по човек за економијата во Велика Британија.

Меѓународните студенти имаат економски придобивки за Велика Британија, кои вредат повеќе од 10 пати повеќе од трошоците за нивно исполнување.

Помалку меѓународни студентите би значело многу помалку работни места во сите делови на Велика Британија, бидејќи меѓународните студенти трошат пари на универзитетите и во локалните економии, вклучително и во продавниците за сендвичи, продавниците за велосипеди, компаниите за такси, ноќните клубови, книжарници.

Лондон има најголем удел од странските студенти, но истражувањето покажува дека во релативна смисла помалите градови со повеќе од еден универзитет можат да пристапат до поголеми бенефиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП