10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ е подготвена да помогне при воведувањето на данок за финансиските трансакции

ЕЦБ е подготвена да помогне при воведувањето на данок за финансиските трансакции

ecb2

Европската централна банка е подготвена да помогне при воведувањето на планираниот европски данок на финансиските трансакции, за да не дојде до дестабилизација на финансиските пазари, изјави за Фајненшл Тајмс, еден член на Управниот одбор на банката.

Група од 11 земји, вклучувајќи ја и Германија, одлучија од јануари да воведат оданочување на финансиските трансакции. Тие се надеваат дека соодветниот данок ќе биде воведен во јануари наредната година и дека ќе покрие дел од трошоците предизвикани од финансиската криза.

„Ние сме подготвени конструктивно да соработуваме со владите и Европската комисија со цел да бидеме сигурни дека данокот нема негативно да се одрази на финансиската стабилност“, изјави членот на извршниот одбор на ЕЦБ, Беноит Коер.

Иако ЕЦБ не го коментираше јавно овој данок, гувернерот на германската централна банка и член на управниот одбор на ЕЦБ, Јенс Ваидман предупреди минатиот месец дека неговото воведување би можело да има негативни импликации за монетарната политика.

Според актуелниот предлог, данокот ги вклучува т.н. репо трансакции, односно купопродажбата на хартии од вредност со однапред договорена обврска за повратна купопродажба на договорениот ден.

Пазарот на репо договори има централна улога во решавањето на ликвидноста меѓу комерцијалните банки, потсети германскиот гувернер.

„Ако ова не функционира добро, трансакциите ќе се пренасочат на Евро-составот (европскиот состав на централни банки), а централните банки и понатака ќе бидат интензивно вклучени во решавањето на ликвидноста меѓу банките, иако кризата одамна заврши“, предупреди Ваидман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП