3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК планира 1 милијарда евра за инвестииции во суперкомпјутери

ЕК планира 1 милијарда евра за инвестииции во суперкомпјутери

Европската комисија (ЕК) ги објави плановите за заедничко вложување со земјите-членки во градењето на европска инфраструктура на суперкомпјутери од светска класа.

Суперкомпјутерите се потребни за обработка на се поголемите количини на податоци и носат придобивки на општеството во многу области – од здравство и производство на енергија од обновливите извори до безбедноста на автомобилите и сајбер безбедноста, посочуваат од ЕК во пораката.

Денешниот чекор е клучен за конкурентноста и независноста на Европската унија (ЕУ) во областа на економијата базирана на податоци. Денес, европските научници и индустријата сè повеќе ги обработуваат своите податоци надвор од ЕУ, бидејќи достапната компјутерска моќ во ЕУ не ги задоволува нивните потреби. Овој недостаток на независност ја загрозува приватноста, заштитата на податоците и деловните тајни, како и сопственоста на податоците, особено за апликации со чувствителна содржина, објаснува Брисел.

Новоформираната правна и финансиска структура – заедничко вложување на „EuroHPC“, ќе се здобие, изгради и распореди инфраструктура за високи перформанси (HPC) низ цела Европа. Објектот, исто така, ќе ја поддржи програмата за истражување и иновации која ќе развива технологии и машини (хардвер), како и софтвер (апликации) за овие суперкомпјутери.

Придонесот на ЕУ кон „EuroHPC“ ќе изнесува околу 486 милиони евра според тековната повеќегодишна финансиска рамка, со ист износ како и земјите-членки и придружните земји. До 2020-та година ќе бидат вложени околу 1 милијарда евра јавни средства, а приватните членови на иницијативата ќе бидат вклучени и во непарични придонеси.

„Суперкомпјутерите се двигател на дигиталната економија. ЕУ заостанува во оваа тешка трка денес – немаме суперкомпјутери меѓу првите десет во светот. Со иницијативата „EuroHPC“ сакаме да им обезбедиме на европските истражувачи и компании суперкомпјутер со капацитет на светско ниво до 2020-та година, за да развијат технологии, како вештачката интелигенција и да ги создадат идните секојдневни апликации во области како што се здравството, безбедноста или инженерските науки“, коментира потпретседателот на ЕК, Андрус Ансип, одговорен за единствениот дигитален пазар.

„Суперкомпјутерите се веќе во срцето на важните достигнувања и иновации во многу области кои директно влијаат на секојдневниот живот на европските граѓани. Тие можат да ни помогнат да развиеме персонализирана медицина, да штедиме енергија и да се бориме против климатските промени поефикасно. Подобрувањето на европската инфраструктура од суперкомпјутери нуди огромен потенцијал за создавање на работни места и е клучен фактор за дигитализација на индустријата и за подобрување на конкурентноста на европската економија“, додава Марија Габриел, комесар за дигиталната економија и дигиталното општество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП