2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКочо Анѓушев ја продава ЕДС на грчката "Public Power Corporation"(PPC)

Кочо Анѓушев ја продава ЕДС на грчката “Public Power Corporation”(PPC)

Грчката национална компанија за производство на електрична енергија (Public Power Corporation – PPC), ППЦ потпиша писмо за намери за купување на Групацијата ЕДС и на сите нејзини подружници во Југоисточна Европа. Со оваа одлука грчката ППЦ има намера да влезе и во бизнисот со трговија за електрична енергија што е новина за оваа компанија, којашто за првпат ќе работи во овој сегмент од пазарот за електрична енергија и на овој начин го проширува своето портфолио.

ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа од областа на енергетиката со вкупна актива од повеќе од 15 милијарди евра и годишни приходи од над 5 милијарди евра. Основната дејност на ППЦ е производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Грција за 7.3 милиони потрошувачи и има пазарен удел од околу 85%. ППЦ е сопственик и на ХЕДНО – Операторот на Дистрибутивната Мрежа во Грција и ППЦ Обновливи извори  – една од компаниите пионери во Европа за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Преносот на удели е процедура којашто ќе се изведе согласно законите во нашата земја, вклучително и обезбедувањето одобрение од Комисија за заштита на конкуренција. По завршувањето на сите процедури, ППЦ во целост ќе го преземе менаџирањето на ЕДС.

Со финализирањето на договорот, ЕДС зад себе ќе има голема интегрирана енергетска компанија со сопствено производство на електрична енергија, со што ќе се зголеми конкурентноста на пазарот и ќе се обезбедат уште подобри услови на своите клиенти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП