26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршена реконструкцијата на објектот на Железничкиот граничен премин во Гевгелија

Завршена реконструкцијата на објектот на Железничкиот граничен премин во Гевгелија

Како дел од проектот за подобрување на условите за работа на полициските службеници, целосно е завршена реконструкцијата на објектот на Железничкиот граничен премин во Гевгелија. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната посета на реконструираниот објект изјави дека заложба на МВР е да ги подобри условите за работа на полицијата.

„Целосната инвестиција на МВР е во висина од околу 3,5 милиони денари за овој објект со некаде околу 1.500 квадратни метри. Полицијата треба да биде добро опремена, да има добри услови, а на основа на тоа да бараме и подобра работа, подобра ефикасност и зголемена безбедност на граѓаните на Република Македонија. Вакви проекти ќе имаме во текот на целата 2018 година“, рече министерот Спасовски потенцирајќи дека не е исто на работа да се оди во стара униформа и во работни простории што се граничат со субстандардност или да се оди на работа со обезбедени услови за работа според сите стандарди.

Во буџетот на МВР за 2018 година одвоени се 30.000.000 денари со кои ќе бидат уредени и реконструирани полициските станици во државата.

Министерот Спасовски при посетата на Гевгелија оствари работна средба и со градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП