6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина поднесе жалба против европските компании

Кина поднесе жалба против европските компании

euchina1

Кина денес ја информираше Европската комисија дека ќе поднесе жалба против неколку европски хемиски компании, меѓу кои е и белгиската групација „Solvay“, поради дампинг, пишува францускиот весник „Еко“.

Ваквиот потег од страна на Кина е фокусиран на производите од хлор,  перхлороетилен и тетрахлоретилен, пишува францускиот весник, пренесува агенцијата Франс прес.

Станува збор за втора анти-дампинг постапка која Кина во последните две недели ја покрена против европската индустрија.

Кинеските поплаки доаѓаат откако властите на Европската унија воведоа данок од 47 проценти на увозот на кинеските соларни панели, пренесуваат странските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП