6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXerox подготвува голем договор со јапонската Fujifilm

Xerox подготвува голем договор со јапонската Fujifilm

Американска компанија „Xerox Corp.“ води разговорите за да склучи голем договор со јапонската „Fujifilm Holdings Corp.“. Двете компании разговараат за низа можни договори, кои може да вклучуваат промена на контролата врз „Xerox“.

Целосно купување на пионерот меѓу фотокопирите во моментов не се гледа, а не е исклучено воопшто да не се постигне договор.

Ако сепак дојде до промена на контролата во „Xerox“, тоа ќе биде крај на независноста за американската компанија основана во 1906-та година, која беше погодена од падот на побарувачката кај фотокопирите. Според извори, потенцијалниот договор со „Fujifilm“ ќе им даде можност на двете компании да ги намалат нивните трошоци и да го направат својот бизнис поефикасен.

Акциите на „Xerox“, кои кон крајот на 90-тите години достигнаа цена над 150 долари за готово, сега се малку над 30 долари и продолжуваат да поевтинуваат поради падот на продажбата и профитот. Во моментов, вреднувањето на пазарот на компанијата е околу 7,7 милијарди долари и има над 4 милијарди долари нето-долг.

Двете компании имаат долга историја заедно. Пред 55 години тие го основаа заедничкото вложување – Fuji Xerox, кое работи во Азиско-пацифичкиот регион. Таа е 75% во сопственост на „Fujifilm“ и има продажба од 10 милијарди долари годишно.

Американската компанија е лидер на пазарот за копири до 70-тите години кога се појави конкуренција од Јапонија, која го намали нејзиното влијание. Заедничко вложување со „Fujifilm“ и помогна неа да ја одвратат конкуренцијата на „Canon inc.“ и други ривали, но на крајот на 90-тите со доаѓањето на новите технологии повторно настапи промена на пазарот, што од своја страна доведе до нови болни реконструкции.

Минатата година, „Xerox“ се подели на два дела, разликувајќи ги своите деловни услуги во нова компанија наречена „Conduent Inc.“.

Со седиште во Токио, „Fujifilm“ започнува во секторот на филмските ленти и камери, а сега поголем дел од профитот доаѓа од печатење и здравствена заштита – од системи за инвитро дијагностика до фармацевтски производи. Нејзината пазарна капитализација изнесува 22 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП