Богатите луѓе ширум светот сакаат да ги трошат своите пари на недвижен имот, без разлика дали за мал дом во Лондон или за имот во Беверли Хилс.
Податоците од „Wealth-X“, компанија која е специјализирана за истражување на ултрабогатите луѓе во светот (милионери со богатство од најмалку 30 милиони долари), открила дека Њујорк е најпосакуван град за нив.
Вкупно 14.574 богати луѓе живеат или имаат дом во Њујорк.
Кои се другите најпопуларни градови за ултрабогатите луѓе?
На второто и третото место се Лондон и Лос Анџелес, вкупно 9.301 и 8.272 богати луѓе ги сметаат овие градови за свој дом. Топ 5 се надополнува со Хонг Конг и Сингапур, пред Сан Франциско, Париз, Чикаго, Далас и Мајами.
Има уште два американски градови кои ги претпочитаат милионерите – Хјустон и Сан Хозе, по што следат швајцарските Цирих и Женева.
Топ 17 е надополнет со најголемиот канадски град Торонто, Милано во Италија и германски Минхен.