10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа празниците се продадени 6 милиони PS4 конзоли и 56 милиони игри

За празниците се продадени 6 милиони PS4 конзоли и 56 милиони игри

Празниците веќе долго се период кога продажбата на разни конзоли, хардвери и видео игри едноставно „цвета“, и токму периодот кој е зад нас, „Sony“ оствари и повеќе од одлични резултати од дури 5.9 милиони продадени „Playstation 4“ уреди.

Oваа неверојатна сума од вкупниот број продадени „PS4“ конзоли доведе до 73,6 милиони.

Успехот на компанијата не лежи само во изработката на добри конзоли, туку и на силната поддршка од страна на многумината програмери, чии игри само во текот на празничниот период се продадени во дури 56 милиони копии, a вкупно се продадени вртоглави 645 милиони игри.

Претседателот на „Sony“, Џон Кодер, по повод овој успех им се заблагодари на сите и најави уште поголема посветеност од претходно: „И се забагодаруваме на заедницата и партнерите на помошта за достигнување на оваа цел. Ветуваме уште поголема посветеност во донесувањето на фантастичи искуства за фановите, со ексклузивни игри и иновативни мрежни сервери“.

„Playstation Plus“, претплатничкиот сервис кој секој месец нуди бесплатни игри, за празници исто така забележа раст на корисниците, дури 31,5 милиони од нив, што знчаи дека половина од луѓето кои поседуваат „PS4“ плаќаат претплата.

Јапонската компанија во 2018-та година има големо очекување од сегментот „Playstation VR“, затоа што веќе испланирала дека до крајот на тековната година ќе претстави 130 наслови за виртуелна реалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП