20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот ќе биде „протеран“ од Јужна Кореја

Биткоинот ќе биде „протеран“ од Јужна Кореја

Јужна Кореја планира целосно да ги забрани криптовалутите, како што е биткоинот, поради загриженоста предизвикана од виртуелните валути.

Биткоин и некои други криптовалути се соочија со пад на вредноста од 10 отсто, и се проценува колку има врска тоа со одлуката на Јужна Кореја.

Во меѓувреме, неколку тргувања со криптовалутите во Сеул оваа година се под истрага за наводно даночно затајување.

Во оваа земја, многу малку луѓе се сопственици и трговци на криптовалути. „Дивите“ промени во цените станаа секојдневие, и затоа се посветува премногу внимание токму на оваа ценовна флуктуација.

Дигиталните валути, на чие чело е биткоинот, претходната година забележаа повисока побарувачка. Ова доведе до загриженост од „коцкањето“, бидејќи неискусните инвеститори се обидуваат да останат во трката.

„Постои голема загриженост за виртуелните валути, а Министерството за правда подготвува терен за забрана на трговијата со криптовалути“, рече министерот за правда, Парк Санг-ки.

Јасно е дека тие подготвуваат законодавство кое целосно ќе го стави „катанецот“ на овој вид размена. Крахот во Јужна Кореја, исто така, беше нападот на една од најголемите берзи за продажба и купување на Биткоин, јужнокорејската берза „Bithumb“. Дека имало хакерски напад, стана јасно откако некои корисници на „Bithumb“ известија дека нивните пари исчезнале од сметката.

„Bithumb“ е една од најголемите и најпрометните Биткоин берзи во светот, и овој случај само покажува дека скокот на вредностите на криптовалутите предизвика внимание не само на купувачите и продавачите, туку и на хакерите.

Владата на Јужна Кореја претходно објави дека ќе користи повеќе надзор над размената, вклучително и потезите за укинување на анонимната трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП