26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на инфлација во Венецуела над 2,600 проценти

Стапката на инфлација во Венецуела над 2,600 проценти

Со оглед на сериозната економска криза, стапката на инфлација во Венецуела порасна на 2,616 проценти, покажуваат податоците од Парламентот.

„Ние сме единствена земја во светот со хиперинфлација“ изјави парламентарниот пратеник Рафаел Гузман од Одборот за финансии.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвиде стапка на инфлација од 652 проценти за 2017 година, а за 2018 година очекува инфлацијата да достигне 2,350 проценти.

Поради лошото управување, корупцијата и релтивно ниските цени на нафтата, Венецуела со години е во тешка економска криза и криза за снабдување.

Во земјата постои хроничен недостаток на девизи за увоз на намирници и стока за секојдневна употреба. Неколку рејтинг агенции веќе го потврдија делумниот банкрот за најбогатата земја со нафта во светот.

„Централната банка е одговорна за хиперинфлацијата поради печатењето на пари за да ја финансира владата“, изјави претседателот на Одборот за економија Хозе Гуера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП