22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешкиот државен фонд исто така ќе инвестира во приватен капитал

Норвешкиот државен фонд исто така ќе инвестира во приватен капитал

Државниот фонд на Норвешка, кој достигна 1.000 милијарди долари, исто така, има намера да инвестира во приватниот капитал, кој, според неговото раководство, ќе ги зголеми приходите и ќе го дистрибуира ризикот во поширок спектар на компании.

Во одговор на барање на норвешкото Министерство за финансии од Фондот изјавија дека со оглед на големината и долгорочната перспектива, би било „соодветно“ да се инвестира во компании кои не се појавени на берзата, соопштува „Bloomberg“.

Во писмото до агенцијата исто така се наведува дека поголема можност за инвестирање ќе му овозможи на фондот да инвестира во компании различни од оние кои се достапни преку јавна понуда. „Врз основа на историски податоци, инвестирањето во приватен капитал може да се очекува да генерира малку повисоки приноси“, отколку инвестирање во јавни средства, вели фондот.

Откако минатата година го одби притисокот да овозможи инвестиции во инфраструктурни проекти, Владата почна да ја разгледува можноста да даде согласност суверениот фонд – кој е најголем од ваков вид во светот, да инвестира во приватни компании.

Обично, властите во Осло ги објавуваат промените во своите стратегии во „Белата книга“, која се објавува секоја пролет, по што следи дебата во Парламентот.

Освен создавањето на повисок поврат и распределбата на ризикот од фондот посочија дека инвестирањето во приватни компании добива се поголема важност, бидејќи бројот на компании на берзата намалува и сè помалку од нив се нудат јавно.

„Во САД, бројот на котираните компании на локалните пазари опадна за речиси 50 отсто откако фондот вложува во капитал“, се вели во ставот. Таму се наведува дека ваквата тенденција се забележува и во Велика Британија, како и насекаде во светот бројот компании на берзата се зголемува до 2011-та година, по што се забележува мал пад.

Фондот, исто така, посочува дека искуството во инвестирањето во недвижности им даде неопходно знаење за приватниот капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП