3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада се жали: 5 начини на кои САД ги кршат правилата

Канада се жали: 5 начини на кои САД ги кршат правилата

Канада покрена трговски спор против САД поради примената на антидампинг царина, како и царина против субвенционираните производи, се наведува во тужбата до СТО – Светска трговска организација.

Во тужбата се наведени пет различни начини на кои САД ги кршат прописите за меѓународната трговија, и повеќе од 100 постапки на САД кои го илустрираат ова обвинение, пренесува Ројтерс.

Канада смета дека мерките на САД се во спротивност со обврските кои произлегуваат од Антидампинг договорот на СТО, Договорот за субвенции и контрамерки и Договорот за тарифите и трговијата од 1994 година.

Американските власти допрва треба да го изнесат својот став за овие обвиненија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП