22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно, темпeратурата до 11 степени

Денес променливо облачно, темпeратурата до 11 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на запад со слаб локален дожд, на повисоките планини со снег, информира УХМР.

По одделни котлини ќе има појава на слаба магла, особено претпладне. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно, претпладне со појава на слаба магла. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а кон крајот на денот ќе го смени правецот во северен. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 7 степени.

Утре времето ќе биде облачно, со повремен слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб југоисточен, а на север со североисточен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП