1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре престануваат да важат мерките против загадувањето

Од утре престануваат да важат мерките против загадувањето

Од утре, четврток (11-ти јануари) престануваат да важат вонредните мерки против загадувањето, информираат преку соопштение од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Ова го образложуваат со фактот дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, вчера (09-ти јануари) среднодневните концентрации на ПМ 10 честистички биле под дефинираниот праг за алармирање (над 200 микрограми на метар кубен барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза).

Од министерството информираат дека среднодневната концентрација на ПМ 10 честички од 200 микрограми на метар кубен била надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП