28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДМ повлече бебешка кашичка поради остатоци од хлор во неа

ДМ повлече бебешка кашичка поради остатоци од хлор во неа

Германскиот синџир продавници „Дрогери маркт“ ДМ од продажба го повлече производот babylove кашичка за бебиња со јагода, малина и јаболка 100% овошје 4м+, 190 г, со рок на траење до 05.07.2019, откако во примерок биле пронајдени остатоци од средства за чистење, кои содржеле хлор.

Како што се наведува во соопштението на ДМ Македонија, производот никогаш не бил испорачан во нашите дрогериии и оттаму никогаш не бил ставен во продажба за нашите потрошувачи.

„Бидејќи квалитетот и сигурноста на нашите производи и безбедноста на нашите потрошувачи се наш најголем приоритет, ДМ најљубезно ги замолува сите свои потрошувачи кои го имаат набавено производот со спорен рок на употреба во  која било земја каде што е присутен ДМ, истиот да не го консумираат и да го вратат во ДМ дрогериите во Македонија, без разлика дали истиот е отворен или не“.

Од ДМ велат дека спорниот производ ќе биде заменет со нов или средствата ќе бидат вратени во цело

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП