ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на продажните цени на индустриските производи

Раст на продажните цени на индустриските производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0,4 проценти на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво.

Во ноември 2017, во споредба со октомври 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,4 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 0,1 процент, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2,6 проценти.

Во ноември 2017, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 23,4 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 2,6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0, 5 отсто.

На странските пазари, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 1,0 процент на месечно ниво, а за 6,5 проценти на годишно ниво.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП