28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на најголемата банка се кае за изјавите дека биткоинот е измама

Шефот на најголемата банка се кае за изјавите дека биткоинот е измама

Извршниот директор и претседател на “JP Morgan Chase”, Џејми Димон вели дека му е жал што изјави дека биткоинот е измама.

Сепак, Димон сè уште не е заинтересиран за дигитални валути.

“Жал ми е што го сторив тоа”, рече познатиот банкар, додавајќи дека се ‘уште е загрижен како владите мислат да се справат со толку растечкиот биткоин.

“Имам само различно мислење од другите луѓе. Не ме интересира тоа”, рече тој.

Во септември, на еднс голема банкарска конференција, Димон обвини дека биткоинот е измама и рече дека нема шанси да успее.

“Валутата нема да функционира. Не можете да имате бизнис каде што луѓето можат да ја измислат валутата и да мислите дека оние кои го купуваат се навистина паметни”, рече Димон тогаш.

Тој, исто така, се закануваше дека ќе го отпушти секој, кој се занимава со криптовалути во “JP Morgan Chase”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП