22 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја сочувате приватноста на работа?

Како да ја сочувате приватноста на работа?

Канцелариските озборувања се честа појава во работната средина. Затоа и не не чуди што повеќето вработени се обидуваат да ја задржат својата приватност само за себе. На пример, љубовниот живот или начинот на кој вработените ги обавуваат работните задачи.

Не го користете деловниот мејл во приватни цели

Иако нема ништо лошо во тоа некој пат да му напишете порака на пријателот од деловниот мејл, бидете свесни дека информатичките администратори ги проверуваат примените и испратените мејлови, најчесто со цел да ги проверат од вируси и веднаш да реагираат.

Задржете ги своите лозинки само за себе

Лозинките постојат со цел никој друг освен вас да не ги користи. Затоа, експертите советуваат дека и кога не сте присутни во канцеларијата на никого да не му ја откривате лозинката.

Не го користете интернетот во приватни цели

На работното место, особено во поголемите компании каде работат голем број на вработени, многу луѓе можат да ви го чепкаат компјутерот. Затоа, приватните работи како плаќање на сметките, договарање на годишен одмор или било што оставете го за подоцна.

Пред заминување угасете го компјутерот или одлогирајте се од вашиот профил

Пред заминувањето дома, угасете го компјутерот, па така никој нема да може да го користи логиран со вашето име.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП