12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Општина Аеродром нови проекти за развивање на спортот

Во Општина Аеродром нови проекти за развивање на спортот

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин потпиша меморандум за соработка со директорот на Центарот за едукација и менаџмент во спортот – Скопје, Бојан Захариев.

Соработката се однесува на едукација на млади спортисти од општината во соработка со факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и соработка со Агенцијата за спорт и млади на РМ во делот на унапредување на училишниот и масовниот спорт и поддршка на индивидуалните спортови.

Исто така, во рамките на меморандумот за соработка се предвидуваат истражувања на искористеноста и подобрување на инфраструктурата, организација на трибини, меѓународни турнири и активности во насока на подобрување на условите за работа во спортските клубови, како и хуманитарни манифестации од областа на спортот.

Општина Аеродром од оваа година воведува и еднократна финансиска поддршка за талентирани спортисти, со цел да ги поттикне младите да ги реализираат своите амбиции и да придонесе за развивање на спортот во општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП