22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИContinental размислува за можна поделба?

Continental размислува за можна поделба?

Германскиот автомобилски производител „Continental“ води прелиминарни разговори со консултанти за можеби најголемото реструктуирање во историјата и евентуалната поделба, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

Согласно можните сценарија, „Continental“ може да создаде холдинг компанија на единиците и потоа да пушти акции на најпрофитабилните бизнис, на пример за гуми, или да комбинира некои од операциите со конкурентните, велат изворите, кои побарале анонимност поради доверливоста на информациите.

Истражувањата се во рана фаза и се уште нема решение дали промените ќе бидат преземени, велат тие.

Портпаролот на „Continental“, Феликс Грес одбива да ги коментира шпекулациите. Акциите на компанијата го забележуваат најсилниот раст од над 2 години и се тргуваат со зголемување од околу 5,2% во Франкфурт. Акцијата бележи рекорди од почетокот на годината, па досега.

Реорганизацијата на еден од најголемите производители на автомобилски делови во светот би се случила во момент во кој индустријата се соочува со значително поместување кон електричните и автономните возила. Други компании, вклучувајќи го производителот на автомобили „Daimler“ и производителите на делови „Delphi Technologies“ и „Autoliv“, исто поминуваат низ промени во организацијата на работата во последно време.

Компанијата со седиште во Хановер, Германија, прогнозира годишни приходи од над 44 милијарди евра. „Continental“ има две главни поделби. Автомобилската која произведува шасии, делови за безбедност и ентериер, а гумената која ја обединува истоимената марка гуми на компанијата и „ContiTech“ – производител на ленти за возила со висока проодност, на пример моторни санки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП