27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines ги пополнува седиштата, бројот на патници се поголем

Turkish Airlines ги пополнува седиштата, бројот на патници се поголем

Турската авиокомпанија „Turkish Airlines“ оствари пораст на бројот на патници за 9,3 проценти во 2017 година во однос на претходната година.

Компанијата соопшти дека во периодот јануари-декември е забележан рекорден број на патници од 68,6 милиони.

Само во декември 2017 година се превезени 5,5 милиони патници, што е за 21,4 проценти повеќе во однос на истиот месец во 2016 година.

Пополнетоста на седиштата во минатата година изнесуваше 79,1 проценти, што е зголемување од 4,7 проценти во однос на 2016 година.

Приходите по патнички километар во декември 2017 година изнесуваа 11,2 милијарди долари што е пораст од 16,3 проценти во однос на декември 2016 година. Во периодот јануари-декември приходите по патнички километар пораснаа за 7,9 проценти и изнесуваа 136,9 милијарди долари.

Во текот на минатата година превезени се повеќе од 1,1 милион тони, што е за 25,5 проценти повеќе во однос на 2016 година.

Како што истакнуваат во „Turkish Airlines“, компанијата лета на вкупно 300 светски дестинации.

Според анкетата Skytrax, „Turkish Airlines“ е прогласена за најдобра авиокомпанија во Европа од 2011 до 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП