ЕКОНОМИЈА

Земја од соништата: Не можат да го пребројат заработеното

Швајцарија минатата година стана уште побогата благодарение на приходите на Централната банка.

Земјата, која е позната по престижниот стандард на своите граѓани, стана уште побогата благодарение на главниот менаџер на парите – Централната банка, која има портфолио со странски акции и обврзници од речиси 800 милијарди долари.

Швајцарската национална банка соопшти дека очекува рекордна годишна добивка од 54 милијарди швајцарски франци (55 милијарди долари) за минатата година.

Тоа е повеќе отколку што заработи највредната светска компанија Apple и изнесува осум проценти од вкупниот бруто домашен производ на земјата.

За споредба, доколку американските Федерални резерви би имале профит со таа големина, тоа би било околу 1,5 милијарди долари.