9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault ги откри новите цени на Megane RS (фото+видео)

Renault ги откри новите цени на Megane RS (фото+видео)

Француската компанија „Renault“ официјално го објави почетокот на продажбата на новата генерација „Megane RS“, чија светска премиера се одржа за време на саемот за автомобили во Франкфурт. Минималната цена за европските потрошувачи изнесува 37.600 евра.

За овие пари купувачот добива автомобил со менувач со шест брзини. Ако сака 6-брзински автоматски пренос со две спојки, клиентот ќе мора да плати 39.400 евра. Моторот е 1.8-литарски со 280 КС и 390 Nm, овозможувајќи забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,8 секунди.

Наведените цени се за ниво на спортска опрема. Кога нарачуваат верзија со дополнителен „Cup Pack“, вклучувајќи покрута суспензија, диференцијал за триење и црвени сопирачки „Brembo“, цената се зголемува за 1.500 евра.

Исто така има и 19-инчни тркала (1.000 евра), Алкантара во кабината (1.500 евра), специјална жолта или портокалова боја (1.600 евра), аудиосистемот „Bose“ (600 евра), „RS Monitor“ (250 евра) „RS Monitor Expert system“ (450 евра), како и проекционен дисплеј (400 евра).

Од „Renault“ објави дека првите испораки на новиот „Megane RS“ кон крајните потрошувачи ќе бидат завршени во февруари. Автомобилите со механички брзини нема да бидат подготвени до пролет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП