27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилната економија ги врати стопените резерви

Силната економија ги врати стопените резерви

Девизните резерви на Кина до крајот на декември пораснаа последователно единаесет месеци и изнесуваа 3,14 трилиони американски долари, покажаа податоците од централната банка.

Ова го оззначува највисокото ниво од септември 2016 година. Резервите биле 20,7 билиони долари поголеми отколку месец дена претходно, што е побрзо од пазарните предвидувања дека резервите ќе изнесуваат 3,13 трилиони долари.

Државната администрација за девизни резерви (SAFE) континиуираниот раст го препиша на силните валути кои не се поврзани со американскиот долар и високите цени на имотот, додека прекуграничните текови на капитал и трансакциите останаа стабилни.

Во јануари девизните резерви падаа под 3 трилиони долари, меѓутоа, поради фактот дека економијата има цврста подлога и јуанот продолжи да се стабилиира, резервите од февруари продолжија стабилно да се зголемуваат.

Стабилниот економски раст на државите и подобрувањето на замавот, меѓународниот тек на капитал го одржаа стабилен и избалансиран, се наведува на службените страници на SAFE.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП