19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов знак дека еврозоната е уште посилна

Нов знак дека еврозоната е уште посилна

Невработеноста во еврозоната во месец ноември падна на најниското ниво во речиси девет години.

Тоа е најновиот сигнал дека економијата на овој блок дополнително зајакнала на крајот на 2017 година.

Стапката на невработеност во 19-члената зона со единствена валута во ноември падна на 8,7 проценти од 8,8 проценти од октомври, што е најниската стапка од јануари 2009 година, кога еврозоната започна да излегува од длабоката рецесија во која упадна по глобалната финансиска криза, соопшти европската служба за статистика Евростат, пренесува агенцијата АП.

Во ноември 107.000 излегоа од евиденцијата на невработнени лица, поради што вкупниот број на невработени лица е намален на 14,2 милиони.

Невработеноста ширум еврозоната забележала стабилен пад во изминатата година, бидејќи закрепнувањето на економијата зема замав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП