26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретежно облачно време, со магла по котлините

Претежно облачно време, со магла по котлините

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, што ќе ги намали условите за магла односно ќе ја зголеми видливоста. Температурата ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје облачно и магливо време, со послаба магла во однос на вчерашниот ден и температура до 7 степени.

Во текот на утрешниот ден нѐ очекува променливо облачно време, попладне на запад со слаб локален дожд, на повисоките планини со снег. По котлините со појава на магла, особено претпладне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП